Здружението за истражување и анализи ЗМАИ, во рамките на проектот “Преку вклучување и транспарентност до правичност и квалитет. Подобрување на процесите на локалното буџетирање во Северна Македонија”, финансиран од Меѓународниот центар за локална демократија од Шведска (Swedish international Centre for local democracy – ICLD), прави завршен настан на кој ќе бидат презентирани наодите од истражувањето и индексот на отворени општини.

Настанот ќе се одржи на 16 ноември 2021 г. (вторник), со почеток во 11 часот, во Национална Филхармонија и на платформата YouTube.

Покрај презентацијата на наодите од истражувањето и индексот на отворени општини, за време на настанот предвидена е и панел дискусија со претставници на институциите кои играат клучна улога во процесот на подобрување и поддршка на транспарентноста и отчетноста како столб за развивање на  локалната демократија. Покрај претставници на ЗМАИ, Шведската амбасада во Северна Македонија и Меѓународниот центар за локална демократија од Шведска, како говорници присутни ќе бидат и Градоначалникот на Општина Аеродром, г-дин Тимчо Муцунски, Градоначалникот на Општина Валандово, г-дин Перо Костадинов, Извршната директорка на ЗЕЛС, г-ѓа Душица Перишиќ, Претседателот на Центарот за Граѓански комуникации, г-дин Герман Филков и Senior Advisor во Statistic Sweden, г-дин Томас Бјуренвал.

Агендата за време на настанот е следната:

11:00 – 11:05 Воведно обраќање

Г-дин Виктор Митевски, Претседател на Здружението за истражување и анализи ЗМАИ

11:05 – 11:15 OPENING REMARKS

Г-дин Микаел Атерхог, Раководител за развојна соработка – Амбасада на Шведска во Северна Македонија

Г-ѓа Робин Клап, Истражувач, Центар за знаење – ICLD

11:15 – 11:35 ПАРТИЦИПАТИВНО БУЏЕТИРАЊЕ

Тимот на ЗМАИ

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НАОДИ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО И ИНДЕКС НА ОТВОРЕНИ ОПШТИНИ

11:35 – 11:50 ПАУЗА – ИЗЈАВИ ЗА МЕДИУМИ

11:50 – 13:00 ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА

Подобрување на процесите на локално буџетирање во Северна Македонија

Г-дин Перо Костадинов, Градоначалник на Општина Валандово

Г-ѓа Јана Белчева Андреевска, Советник во Општина Центар

Г-ѓа Душица Перишиќ, Извршна директорка на ЗЕЛС

Г-дин Герман Филков, Претседател на Центар за Граѓански комуникации

Г-дин Томас Бјуренвал, Senior Advisor – Statistics Sweden