Одговор на социо-економските ефекти од КОВИД-19 преку поддршка на ранливите групи, нископлатените работници, работниците од неформалната економија и повремено вработените
ВРЕМЕТРАЕЊЕ: Јули 2020 – Јули 2021
ДОНАТОР: Фондација Отворено Општество -Македонија
Кризата предизвикана од епидемијата на КОВИД-19 сериозно ги погоди сите сегменти на општеството и сите граѓани, но сепак диспропорционално поголем ефект и штета се предизвикани кај обесправените групи, жените и маргинализираните заедници.
Здружението ЗМАИ започна со реализација на проектот – “Одговор на социо-економските ефекти од КОВИД-19 преку поддршка на ранливите групи, нископлатените работници, работниците од неформалната економија и повремено вработените“, преку кој ќе биде спроведена сеопфатна анализа за ефектите од КОВИД-19 врз текстилната индустрија.
Истовремено оваа анализа ќе даде придонес кон подобро разбирање на ефектот од владините политики врз ранливите групи, и ќе придонесе за ублажување на социо-економските последици за нив преку промоција на долгорочни мерки за вработување на ранливите лица.
Воедно, проектот ќе промовира подолгорочни мерки за ублажување на ефектите и ќе тестира и развива нови модели и иницијативи за развој во регионот, преку директна поддршка за ранливите групи граѓани, подобрување на капацитетите за застапување на здруженијата и регионално вмрежување за дискутирање на ефектите од кризата врз економските сектори и градење на стратегиска визија за развој.
Овој проект е поддржан од страна на Фондација Отворено Општество – Македонија, а се спроведува во земјите од Западен Балкан, со поддршка од Заедничкиот фонд за брз одговор на КОВИД-19 на Фондациите Отворено општество.

КОНТАКТ
АДРЕСА
Ул. Андон Дуков, бр.3/6, 1000 Скопје