Во последното издание на списанието “Croatian Economic survey” објавен е трудот „Профитите на компаниите и владината активност: Емпириска истрага“(Firm Profits and Government Activity: An Empirical Investigation). Тој е изработен од македонски автори меѓу кои се и истакнати членови и соработници на ЗМАИ.
Авторите: Драган Тевдовски, Петар Јолакоски, Бранимир Јовановиќ, Виктор Стојкоски и Јоана Маџоска, во рамки на овој труд израбтија т.н. емпириска истрага поврзана со профитите на компаниите и владината активност. За таа цел тимот користи податоци од 22 европски држави во периодот од 17 години.
Профитите на компаниите играат клучна улога во владината активност. Во времиња на криза, кога профитите се ниски, владите го зголемуваат нивното учество. Исто така, доколку профитите на компаниите дојдат до ниво над она кое би го постигнале во конкурентна економија, компаниите можат да добијат пазарна моќ, и да можат да влијаат на активноста на владите. Во трудот се поставува прашањето: „Дали овие промени во активноста на власта се ефикасни?“.
Изработена е детална емпириска студија на потенцијалните ефекти од профитите на компаниите и нивното влијание на учеството и ефикасноста на владите. Студијата покажува дека постои силна врска помеѓу профитите на компаниите и учеството на државата. Односно, поголемите профити на компаниите го намалуваат учеството и ефективноста на владите. Дури и во развиени земји, како европските, моќта на компаниите може да влијае на активноста на државите. Според авторите на трудот, во време кога светот се соочува со тешка криза предизвикани од пандемијата КОВИД-19, државниот фискален стимул за да се одржат во живот економиите несомнено ќе ја преобликува и редефинира улогата на државата во иднина.
Во продолжение можете да го најдете последното издание на “Croatian Economic survey” издадено на 22 јуни во кое е објавен трудот:
Скорешни коментари