ОБРАЗОВАНИЕ

ОБРАЗОВАНИЕ

Уставот на Република Северна Македонија предвидува дека основното образование е задолжително и бесплатно за сите. Основното образование се уредува со Законот за основното образование, а во Законот и во неговите подзаконски акти е утврдено дека наставата и другите облици на воспитно-образовна работа во училиштата се финансираат со средства од Буџетот на Република Северна Македонија. Со децентрализацијата, основачи на основните училишта се општините, но постојат и државни основни училишта кои ги основа Владата.

Основната заложба на ЗМАИ е промовирање  и застапување за рамномерниот развој и намалување на разликата во степенот на развиеност на основните училишта низ целата територија на Република Северна Македонија, независно од нивниот географски, социјален, етнички или религиски карактер. За таа цел, напорно работиме со Министерството за образование и наука, Фондацијата „Отворено општество Македонија“, UNICEF, Светска банка и други релевантни партнери на обезбедување на квалитетни јавни политики кои ќе ги опфатат барањата и потребите на сите засегнати страни во образовниот процес.

ТИМ

Виктор Стојкоски

Виктор Стојкоски е истражувач во ЗМАИ од 2015 година. Покрај ангажманот во ЗМАИ, Виктор е вработен како асистент на Економскиот факултет во Скопје. Автор е на повеќе од 30 научни трудови и има учествувано во повеќе од 10 меѓународни научноистражувачки проекти. Неговиот истражувачки интерес е развивање на методи за анализа на податоци.

Горан Мојаноски

Горан Мојаноски е еден од основачите на ЗМАИ Скопје. Најголем дел од неговата истражувачка кариера ја има посветено во областа на основното образование, инвестициите и пазарот на капитал. Негова потесна област на специјализација е пазарот на капитал за која и подготвува докторска дисертација.

Виктор Митевски

Виктор Митевски е ко-основач на ЗМАИ и во моментов е Претседател на Здружението. Во период од 2015-16 година тој престојува во Texas A&M University каде се стекнува со титулата магистер по економски науки. Од 2017 до 2019 година работи како посебен советник на Министерот за финансии. Виктор е добитник на стипендијата Fulbright во 2015.

Фатон Сулејмани

Фатон Сулејмани е магистер по економски науки во областа на статистичките методи за бизнис и економија. Во 2020 година тој е добитник на стипендијата Chevening и во моментов се наоѓа на студиски престој на Imperial College London.

Петар Јолакоски

Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје во 2019 година. Истата година се запишува на постдипломски студии во областа на Статистиката на Економскиот факултет во Скопје и е избран за демонстратор на катедрата за Математика и статистика. Моментално работи напредна анализа на податоци и на истражувања во областа на теоријата на мрежи.

Александар Паришев

Александар Паришев е дипломиран економист на отсекот Надворешна трговија. По дипломирањето се вработува во НЛБ Банка, во Сектор за работа со готовина и депо и Сектор за инвестиции, набавки и општи работи. Во 2018 година е ангажиран е како демонстратор на катедра за Надворешна трговија на Економски факултет во Скопје. Од 2020 година е и соработник во ЗМАИ. 

Елена Трпковска

Елена Трпковска има повеќе од 20 години професионално искуство во подготовка и мониторинг на општинските буџети и државните годишни буџети стекнати преку позицијата на Државен советник за фискална политика и буџетирање. Вклучена е како Консултант – Економист и координатор во проекти за подобрување на социјалните услуги.

Маја Аргировска

Маја Аргировска е дипломиран економист со 15 годишно исткутво во управувањето со јавните финансии. Таа има учествувано во клучните реформски процеси во областа на буџетите, социјалните, образовните и здравствените политики.

Невена Спасовска

Невена Спасовска е еден од основачите и истражувач во Здружението за истражување и анализи ЗМАИ од неговото основање во 2014 година. Работи како Software Support Specialist во компанијата MEDIAGENIX. Нејзиниот афинитет кон истражувачката работа и статистичката обработка на податоци го реализира земајќи активно учество во проектните активности на ЗМАИ.

Ана Јовановска

Ана Јовановска е аналитичар за истражување на пазарот, претприемач, WEF Global Shaper и економист. Нејзиниот главен фокус е вршење на истражување во областа на пазарот на трудот. Дипломирала и магистрирала на Економскиот факултет во Скопје. Таа има професионална кариера во банкарскиот сектор и во областа на сметководството.

МАРИЈА ПАЦАРОСКА СТОЈКОВИЌ

Марија Пацароска студирала на Филозофскиот факултет во Скопје, на катедрата по Педагогија. Поседува професионално искуство во областа на маркетинг, истражување и бизнис администрација стекнато во повеќе ИТ компании и истражувачката агенција ИПСОС. Во 2021 се вклучува во ЗМАИ како проект асистент. 

ПРОЕКТИ

Методологија за препраспределба на општинските буџети до основните училишта

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: 2019/20

ДОНАТОР: Фондација Отворено Општество – Македонија

Предлог за унапредување на инфраструктурните и техничко-технолошките капацитети на основните училишта во Богданци и Чешиново-Облешево

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: Јануари – Јули 2019 година

ДОНАТОР: Фондација отворено општество Македонија

Инфраструктурен развој и техничко технолошка опременост во основните училишта во Република Македонија

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: Мај 2017 година – Декември 2018 година

ДОНАТОР: Фондација отворено општество Македонија

ПУБЛИКАЦИИ

Дознајте повеќе и прочитајте повеќе…

Предлог за унапредување на инфраструктурните и техничко- технолошките капацитети на основните училишта од Богданци и Чешиново- Облешево

Предлог за унапредување на инфраструктурните и техничко- технолошките капацитети на основните училишта од Богданци и Чешиново- Облешево

Методологија за распределба на општинските буџети за основните училишта

Методологија за распределба на општинските буџети за основните училишта

Колку и на што троши еден македонски студент?

Колку и на што троши еден македонски студент?

ИНФОГРАФИЦИ

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

АДРЕСА

Ул. Андон Дуков, бр.3/6, 1000 Скопје

СЛЕДЕТЕ НЕ