Во рамките на проектот – „Одговор на социо-економските ефекти од КОВИД-19 преку поддршка на ранливите групи на нископлатени работници, работници кои се дел од неформалната економија и привремено вработени работници”, поддржан од страна на Фондацијата Отворено Општество – Македонија, изработени беа инфографици со сознанијата добиени како резултат на анализа на податоци добиени од Управата за јавни приходи и Централниот Регистар на Република Северна Македонија.

Клучните наоди покажуваат дека вкупно 677 фирми од текстилната индустрија добиле државна поддршка за исплата на плати, од кои 8 се уште не ја исплатиле платата до вработените во компанијата. Ова е 50% од вкупниот број на регистрирани фирми во индустријата.

Другиот резултат кој го покажа оваа анализа на податоци е дека вкупно 25 767 лица биле вработени во фирмите од текстилната индустрија добиле државна поддршка за исплата на плати. Ова е 69% од вкупниот број на вработени во индустријата. Од овие лица 35 се се уште вработени во фирмите од кои не им била исплатена плата.

Вкупната дадена државна поддршка до текстилната индустрија изнесува околу 745 милиони МКД. Секој вработен во фирмите кои добиле помош во просек бил поддржан со 19 810 МКД. Ова покажува дека 282 750 денари се уште не се исплатени до вработените во текстилните компании.

Повеќе за сознанијата за текстилната индустрија може да видите на инфографиците ТУКА.