Pitch-ирај во мај!

Натпревар за најдобар Бизнис модел од средношколците во Пелагонија

Предлог термин: 15 мај 2023

Локација: Прилеп – Центар за претприемништво и креативност

 

Стручно жири:

Виктор Митевски: Здружение за истражувања и анализи ЗМАИ

Сања Митковска: Нетворкер – компанија која развива и поддржува старт-апи

Претставник од ГАУС институт – Битола

Претставник од Економскиот факултет – Прилеп

Концепт на натпреварот:

Чекор 1: Училиштата што сакаат да учествуваат на натпреварот се пријавуваат до 20ти април 2023 година. Секое училиште учествува на натпреварот со еден тим.

Чекор 2: Од моментот на пријавување до 10 мај, учениците заедно со своите наставници работат на развој на Бизнис платна – Бизнис идеи на платформата startapp.mk

Чекор 3: Тие ги тестираат и подобруваат своите идеи согласно она што го учат од презентациите на платформата, тестирајќи ги сите сегменти од платното.

Чекор 4: Победничките тимови прават кратки видео презентации (1 минута) во кои го презентираат својот бизнис модел.

Чекор 5: Организиран ќе биде тренинг со секој од тимовите за принципите на презентации на бизнис идеи (pitching) кои ќе им помогнат да се подготват за натпреварот. Тренингот ќе се одржи во текот на првата недела од месецот мај (2-5ти мај).

Чекор 6: Присуство на натпреварот и презентација!

 

Напомена: Услов за учество на натпреварот е Бизнис платното на тимовите да биде веќе внесено на платформата startapp.mk

 

Правила на натпреварот:

  • Секој од тимовите ја презентира својата идеја, додека сите присутни ги следат презентациите.
  • Секој член на жири комисијата има право да постави по едно прашање кое ќе му помогне да даде оцена/поени за бизнис платното.
  • Жири комисијата и публиката гласаат во сооднос 50-50 за потенцијалниот победник.
  • На гласањето од публиката не е дозволено гласање за сопствениот тим. Публиката дава оцени веднаш по презентацијата на тимот со цел да се обезбеди неможност за гласање на членовите на тимот кој презентира.
  • Жири комисијата, која треба да гласа како потенцијален инвеститор, ја образложува својата одлука за избор на еден од тимовите.
  • Тројца претставници од публиката даваат објаснување за нивното гласање за конкретната идеја.
  • Правилата се креирани така да се добие експертизата од жири комисијата, но да се обезбеди фер, инклузивен и транспарентен принцип во гласањето.
  • Доколку при првото гласање Комисијата и публиката имаат исто мислење за победнички тим, тимот по автоматизам е прогласен за победник на натпреварот.

Тимот на ЗМАИ, ГАУС и претставниците во жири комисијата работат со победникот на натпреварот со цел да креираат план за реализација на неговата бизнис идеја, како и редовни менторски сесии и поддршка во промоција на членовите на тимот и нивниот Бизнис план.

Натпреварот е реализиран и финансиран во рамки на проектот BeCircular – Проект за поттикнување на вработувањето преку  Претприемништво и Циркуларна економија финансиран од Европската Унија преку ИПА програмите за прекугранична соработка. Содржините споделени во текот на овој настан се одговорност само на Партнерите дел од Проектот BeCircular и не можат да бидат толкувани како официјални ставови на Европската Унија, земјите членки на Унијата и нејзините управувачки тела.