Млади во криза

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: Ноември 2020 година – Март 2021 година

ДОНАТОР: Westminster Foundation for Democracy

Проектот “Млади во криза” е насочен кон идентификација на ефектите кои пандемијата ги имаше врз младите лица, со посебен фокус врз мерките и политиките кои беа преземени од страна на Владата за поддршка на младите. За оваа цел, во рамките на проектот беа спроведени тркалезни маси со релевантните засегнати страни и со самите млади лица.

Со тоа, се анализираа институционалната, социјалната и политичката рамка која ги опфаќа младите во Северна Македонија, релевантните мерки кои се насочени кон младите, клучните предизвици со кои се соочија младите и нивните перспективи во однос на состојбата.

Како дел од овој проект ќе биде подготвена истражувачка анализа која ќе даде осврт на социо-политичкото учество на младите во Северна Македонија, влијанието на кризата со КОВИД-19 на нивните животи и анализирање на влијанието и ефектите од политиките наменети за намалување на негативните ефекти врз младите.

Овој проект се фокусира кон две специфични цели: согледување на перцепциите на младите за нивната положба во заедницата, нивното учество во социјалната и политичката сфера, нивните погледи за институциите, процесот на интеграција во ЕУ и генерално, влијанието кое КОВИД-19 го имаше врз добро состојбата на младите и втората цел, анализирање на политиките насочени кон младите за нивна поддршка и заштита во време на здравствена и економска криза.

Носител на овој проект е Младинскиот Образовен Форум (МОФ), во партнерство со Реактор – Истражување во акција и Здружението за истражување и анализи – ЗМАИ.

АДРЕСА

Ул. Андон Дуков, бр.3/6, 1000 Скопје

СЛЕДЕТЕ НЕ