Методологија за препраспределба на општинските буџети до основните училишта

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: 2019/20

ДОНАТОР: Фондација Отворено Општество – Македонија

Со цел добивање сеопфатна слика за состојбите и потребите во секое истражувано училиште, во рамките на проектот беа остварени средби и беа пополнети анкетни прашалници од страна на надлежни лица во училиштата од десетте истражувани општини: Василево, Велес, Карбинци, Куманово, Сарај, Старо Нагоричане, Студеничани, Центар Жупа, Чучер Сандево и Шуто Оризари, како и родителите на ученици кои следат настава во истражуваните училишта. Целта на средбите беше да се утврдат инфраструктурната и техничко-технолошката состојба во основните училишта, финансирањето на капиталните инвестиции, како и начинот на кој се одлучува колкав дел од буџетот ќе биде наменет за секое поединечно основно училиште. При анализата беа опфатени општини со различна големина, географска локација, односот урбана-рурална, различен етнички состав и јазик на кој се изведува наставата.

Сознанијата од горенаведените активности овозможија создавање на сеопфатен приказ на актуелната состојба во училиштата од аспект на состојбите со инфраструктурата, техничко-технолошката опременост и нагледните наставни средства. Истовремено, беше овозможено идентификување на приоритетните проекти, како и потребите за нивно финансирање. Следствено на ова, направени се и акциски планови за реализација на наведените инвестиции. Анализата е заокружена со утврдување на актуелните состојби со финансирањето на основното образование од страна на централната и на локалната власт. Овие информации се основа за предложениот пристап за одредување на методологија и формула со кои финансирањето на основното образование ќе биде транспарентно, правично и ќе овозможи рамномерен и одржлив развој на сите основни училишта. 

Преку употреба на различни пристапи за прибирање на податоци – анкети, директни посети и средби со општините, училиштата и родителите успеавме да прибереме сеопфатни податоци за условите вo училиштата, нивните технолошки капацитети, како и основните потреби за непречено одвивање на наставата. Понатаму, податоците беа обработени и анализирани врз база на однапред одредена методологија која беше развиена во рамки на проектите: „Инфраструктурата и рамномерниот развој во основните училишта во Македонија“ и „Активности за унапредување на инфраструктурните и техничко-технолошките капацитети на основните училишта во Чешиново-Облешево и Богданци“

АДРЕСА

Ул. Андон Дуков, бр.3/6, 1000 Скопје

СЛЕДЕТЕ НЕ