МЕДИУМСКА И ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ

МЕДИУМСКА И ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ

Мисијата на ЗМАИ е доближување на квантитативните методи на истражување и градење јавни политики до младите, но и до стручната и до пошироката јавност. Во изминатите 2 години сведоци сме на значително зголемување на транспарентноста и достапноста на податоци од државните институции на централно и на локално ниво. Ваквата состојба овозможува зголемени можности за истражување и анализи на граѓанските организации кои, пред сè се занимаваат со креирање на јавни политики и застапување. Од друга страна пак, сведоци сме дека капацитетите на голем број локални организации се многу мали, а со тоа и квалитетот на истражувањата и јавните политики не се на завидно ниво.

Имајќи предвид дека влијанието на граѓанските организации е зголемено со формирањето и работата на Советот за соработка  и развој на граѓанскиот сектор, сепак, на индивидуално ниво бројот на успешно прифатени или спроведени предлози за јавни политики предложени од граѓанскиот сектор е сè уште мал. Оттука, ЗМАИ како организација која промовира креирање на успешни јавни политики базирани на податоци, поткрепени со истражувања и статистички решенија, ја воочува потребата од пренесување на знаење и искуство кај други граѓански организации.

Со зголемување на истражувачките капацитети и објавување на анализи базирани на квантитативни истражувања и анализи, граѓанските организации придонесуваат за зголемување на нивото и промовирање на финансиската писменост кај граѓаните и развој на критичко и аналитичко мислење за општествените појави.

Преку поголемото присуство на сознанија и политики базирани на факти во јавноста, истовремено се зголемува и медиумската писменост, не само на активните граѓани, туку и на целокупната јавност. Нашата заложба е неуморно и постојано да бидеме активни чинители во борбата против лажните вести и дезинформации. Оттука, проактивно работиме во градење на капацитетите, не само на граѓанските организации, туку и на просветниот кадар во училиштата, младите и истражувачката заедница.

ТИМ

Јована Аврамовска

Јована Аврамовска има дипломирано на Економски факултет Скопје. Таа има повеќегодишно искуство како новинар, а од 2017 до 2019 година е ПР на Министертсвото за финансии. Во моментот работи во областа на комуникациите и справување со лажни вести и дезинформации.

Фатон Сулејмани

Фатон Сулејмани е магистер по економски науки во областа на статистичките методи за бизнис и економија. Во 2020 година тој е добитник на стипендијата Chevening и во моментов се наоѓа на студиски престој на Imperial College London.

Невена Спасовска

Невена Спасовска е еден од основачите и истражувач во Здружението за истражување и анализи ЗМАИ од неговото основање во 2014 година. Работи како Software Support Specialist во компанијата MEDIAGENIX. Нејзиниот афинитет кон истражувачката работа и статистичката обработка на податоци го реализира земајќи активно учество во проектните активности на ЗМАИ.

Горан Мојаноски

Горан Мојаноски е еден од основачите на ЗМАИ Скопје. Најголем дел од неговата истражувачка кариера ја има посветено во областа на основното образование, инвестициите и пазарот на капитал. Негова потесна област на специјализација е пазарот на капитал за која и подготвува докторска дисертација.

Виктор Стојкоски

Виктор Стојкоски е истражувач во ЗМАИ од 2015 година. Покрај ангажманот во ЗМАИ, Виктор е вработен како асистент на Економскиот факултет во Скопје. Автор е на повеќе од 30 научни трудови и има учествувано во повеќе од 10 меѓународни научноистражувачки проекти. Неговиот истражувачки интерес е развивање на методи за анализа на податоци.

Ксенија Поповиќ

Ксенија Поповиќ е дипломиран економист при Економски факултет во Скопје и магистер по економија од областа на статистиката. Има шестгодишно искуство во банкарскиот сектор, од кои пет години како раководител на продажба каде што е одговорна за планирање, координирање, надзор и контрола на работата. Таа е еден од основачите и истражувачите на ЗМАИ.

Виктор Митевски

Виктор Митевски е ко-основач на ЗМАИ и во моментов е Претседател на Здружението. Во период од 2015-16 година тој престојува во Texas A&M University каде се стекнува со титулата магистер по економски науки. Од 2017 до 2019 година работи како посебен советник на Министерот за финансии. Виктор е добитник на стипендијата Fulbright во 2015.

Цане Мојаноски

Професор д-р. Цане Мојаноски е редовен професор на Факултетот за безбедност – Скопје по предметите Методологија на истражување, Основи на статистика, Социологија и Современи социолошки теории.

БОЈАН КОРДАЛОВ

Бојан Кордалов е виш комуникациски специјалист. Тој е раководител на Програмата за транспарентност, медиуми и дигитализација на ИДУЕП, а е ангажиран и како локален и меѓународен експерт од повеќе интернационални организации. Автор е на повеќе публикации и сертифициран обучувач во различни комуникациски области.

ПРОЕКТИ

Центар за градење на јавни политики

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: Јуни 2020 – Септември 2021

ДОНАТОР: Цивика Мобилитас

Одговор на социо-економските ефекти од КОВИД-19 преку поддршка на ранливите групи, нископлатените работници, работниците од неформалната економија и повремено вработените

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: Јули 2020 – Јули 2021

ДОНАТОР: Фондација Отворено Општество -Македонија

Кариерно советување за полесно прилагодување на пазарот на труд во услови на COVID 19

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: Август 2020 – Декември 2020

ДОНАТОР: Агенција за млади и спорт

АДРЕСА

Ул. Андон Дуков, бр.3/6, 1000 Скопје

СЛЕДЕТЕ НЕ