Темата на седмиот модул од обуките за граѓанските организации кој се одржа на 23.01.2021 година, беше креирањето на јавни политики, како клучен процес и завршен продукт од спроведувањето на едно истражување.
Преку овој модул опфатено беше учеството на граѓанските организации во развојот и креирањето на јавни политики, принципите по кои треба да се водат организациите при креирањето на документи на јавни политики и пишување на сумиран преглед на јавни политики со вклучени заклучоци и препораки. Предавачи за време на седмиот модул беа Ксенија Поповиќ и Виктор Митевски.
Целта на овој модул беше поттикнување на граѓанскиот сектор за активно учество во заедницата и развој на политики од различни области. Со тоа, се стремиме кон креирање на потранспарентни политики и процеси во кои граѓанскиот сектор ќе биде активно вклучен и консултиран во текот на нивното донесување, изработка и имплементирање. Pеализацијата на оваа обука е поддржана од страна на Цивика Мобилитас преку програмата за Акциски грантови.
Скорешни коментари