На 10.08.23, во рамки на проектот „Практикувај демократија“ на Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) и со поддршка од Британската Амбасада во Северна Македонија, се одржа конференцијата „Младински состојби и финансирање на младинските политики во Северна Македонија“. Овој настан го одбележа Денот на младите.

Ксенија Поповиќ Коцевски и Катерина Шапкова Коцевска ги презентираа наодите од анализата „Финансирање на младинските политики“. Еминентни говорници на конференцијата беа Апостол Симов, Директор на Државен завод за статистика, Ѓорги Тасев, специјален советник за млади во Владата, Мариана Ангелова, генерален секретар на НМСМ, и Александра Наќева-Ружин, советничка на министерот за финансии.

Настанот беше отворен со обраќања од Доминик Роудс, раководител во Британската Амбасада, Наумче Мојсовски, директор на Агенција за млади и спорт и Дона Костуранова, директорка на ВФД во Северна Македонија.

 Студијата е детален преглед на тековната состојба со финансирањето на младинските активности и препораки за законски подобрувања. Таа претставува клучен ресурс за повисока информираност и афирмација на улогата на младите во општеството, како и алатка за сите засегнати страни.