Кариерно советување за полесно прилагодување на пазарот на труд во услови на COVID 19
ВРЕМЕТРАЕЊЕ: Август 2020 – Декември 2020
ДОНАТОР: Агенција за млади и спорт
Проектот е насочен кон намалување на негативните ефекти кои пандемијата со COVID19 ги има на младите кои што се припадници на ранливите категории на граѓани. Преку онлајн обуките за кариерно насочување и лично менторирање од страна на стручни ментори, придобивки ќе имаат 30 млади лица до 30 години, кои го изгубиле своето работно место заради кризата, доаѓаат од социјално ранливо семество, имаат одредена попреченост или немаат услови за доусовршување и надоградување на нивните знаења. Основна цел на проектот е активно вклучување на учесниците во проектот на пазарот на трудот, нивно кариерно насочување и обучување како на правилен начин да ја продолжат нивната кариера.
Целна група на проектот се млади невработени лица до 30 години кои што се припадници на ранливи категории како: млади лица што доаѓаат од семејства со минимални примања, млади лица што поради пандемијата со COVID 19 останале без работа, лица со попреченост и сите социјално загрозени млади.
Преку активностите на овој проект, на оваа категорија млади ќе им се овозможи стекнување на знаења и вештини од областа на развојот на кариерата. Програмската ориентација на проектот е заснована на интерактивен и динамичен модел во кој вниманието е насочено првенствено на осопособување на ранливите категории на млади за избор и пронаоѓање на вработување. Акцентот се става на развивање на способностите на младите да донесат и спроведат промислена и самостојна одлука за избор на сфера на вработување и да ја планираат кариерата.
Обуката предвидена со овој проект ќе им овозможи на овие млади да увидат дека во секој момент имаат можност успешно да најдат вработување и да управуваат со својата кариера, па дури и во време на криза, што ќе придонесе за директно остварување на основната цел на проектот, односно, оспособени млади да ја обликуваат и насочуваат својата кариера флексибилно и согласно постоечките услови на пазарот.

КОНТАКТ
АДРЕСА
Ул. Андон Дуков, бр.3/6, 1000 Скопје