Граѓаните треба да бидат информирани за локалниот буџет на лесен и разбирлив начин. Тоа е предуслов за да се гарантира граѓанско влијание при носењето на одлуки кои ќе влијаат на квалитетот на нивниот живот.

Видеото во продолжение презентира 4 едноставни начини да се направи буџетскиот процес потранспарентен:

Основното видео на англиски јазик може да го најдете на следниот линк: https://youtu.be/j_1xonv9sAs

Видеото е достапно и на албански јазик: https://youtu.be/RNQftKInnfE

Меѓународниот шведски центар за локална демократија ICLD заедно со Здружението за истражувања и анализи ЗМАИ работат на создавање на Индексот за транспарентност и отчетност на општините. Овој индекс треба да го подобри начинот на Буџетирање во локалните заедници низ светот. Тој се базира на студија изработена од тимот на ЗМАИ во која беа анализирани македонските општини.

Публикацијата може да ја најдете на официјалната веб-страница на ICLD: https://icld.se/en/knowledge-bank/publications/

Здружението за истражувања и анализи ЗМАИ останува посветено на подобрување на буџетските процеси во државата и светот. Во оваа насока во текот на месец октомври ќе биде објавен и Индексот за отвореност на општините за 2021 година.