ИНВЕСТИЦИСКО СОВЕТУВАЊЕ

ИНВЕСТИЦИСКО СОВЕТУВАЊЕ

Една од основните дејности на ЗМАИ е изработка и спроведување на статистички и економетриски анализи кои ќе служат како база за градење на јавни политики или финансирање на инфраструктурни проекти спроведувани од централната и од локалната власт. Целта на овие активности е да се истражат: техничката изводливост на проектот; аспектите кои ја покриваат заштитата на животната средина; социјалните влијанија на проектот; како и финансиските и економските ефекти од спроведување на инвестициите.

На оваа област работи посветен тим на експерти кои имаат долгогодишно искуство во анализирање и спроведување на инфраструктурни проекти, како на национално и локално, така и на меѓународно ниво.

Најчести корисници на нашите услуги се државни институции, како и меѓународни донатори кои спроведуваат инфраструктурни проекти во Северна Македонија. Проектите кои се анализираат опфаќаат инвестиции во: образовна, патна, канализациона и урбана инфраструктура, обновливи извори на енергија и активности за зголемување на енергетската ефикасност на објекти, реконструкција на објекти, патишта, водоснабдувачки системи и изградба на пречистителни станици.

ТИМ

Горан Мојаноски

Горан Мојаноски е еден од основачите на ЗМАИ Скопје. Најголем дел од неговата истражувачка кариера ја има посветено во областа на основното образование, инвестициите и пазарот на капитал. Негова потесна област на специјализација е пазарот на капитал за која и подготвува докторска дисертација.

Фатон Сулејмани

Фатон Сулејмани е магистер по економски науки во областа на статистичките методи за бизнис и економија. Во 2020 година тој е добитник на стипендијата Chevening и во моментов се наоѓа на студиски престој на Imperial College London.

Марко Георгиевски

Марко Георгиевски  е дипломиран економист со 10 годишно искуство во водење бизнис во областа на угостителството, логистиката и консалтинг. Веќе 7 години работи како ментор на старт ап компании, преку СтартАп Академијата на која е ко-основач од 2013 година. Во моментов е сопственик на бизнис во областа на транспортот и логистиката.

Виктор Стојкоски

Виктор Стојкоски е истражувач во ЗМАИ од 2015 година. Покрај ангажманот во ЗМАИ, Виктор е вработен како асистент на Економскиот факултет во Скопје. Автор е на повеќе од 30 научни трудови и има учествувано во повеќе од 10 меѓународни научноистражувачки проекти. Неговиот истражувачки интерес е развивање на методи за анализа на податоци.

ПРОЕКТИ

Методологија за препраспределба на општинските буџети до основните училишта

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: 2019/20

ДОНАТОР: Фондација Отворено Општество – Македонија

Подготовка на Project Appraisal Documents за инфраструктурни проекти

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: Декември 2020 година – Септември 2022 година

ДОНАТОР: Проект за подобрување на општински услуги (МИСП) – Министерство за финансии

Предлог за унапредување на инфраструктурните и техничко-технолошките капацитети на основните училишта во Богданци и Чешиново-Облешево

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: Јануари – Јули 2019 година

ДОНАТОР: Фондација отворено општество Македонија

Влијанието на владините субвенции за СДИ, наспроти нивниот ефект врз економскиот раст

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: Mарт 2015 година – Jули 2016 година

ДОНАТОР: USAID

Предлог-решенија за подобрување на инвестициската политика во Република Македонија

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: Јуни – Септември 2016 година

ДОНАТОР: USAID

ПУБЛИКАЦИИ

Дознајте повеќе и прочитајте повеќе…

ПРЕДЛОГ- РЕШЕНИЈА за подобрување на инвестициската политика во Република Македонија

ПРЕДЛОГ- РЕШЕНИЈА за подобрување на инвестициската политика во Република Македонија

 Влијанието на владините субвенции за СДИ, наспроти нивниот ефект врз економскиот раст

Влијанието на владините субвенции за СДИ, наспроти нивниот ефект врз економскиот раст

АДРЕСА

Ул. Андон Дуков, бр.3/6, 1000 Скопје

СЛЕДЕТЕ НЕ