Во рамки на проектот „ Подобрување на ефикасноста на трошоците во основното и средното образование во Северна Македонија финансиран од Светска банка и UNICEF “ експертите од Здружението за истражување и анализи ЗМАИ работеа рамо до рамо со општинските администрации правејќи планови за оптимизација и подобрување на училишната мрежа во земјава.
На 23 и 24 месецов се одржаа работилници на оваа тема, на кои беа присутни претставници од општините преку кои се пилотира овој процес, кој има за цел да се спроведе во сите општини во државата. Како да ја подобрат својата училишна мрежа се обучени претставници од: Берово, Битола, Валандово, Велес, Гевгелија, Желино, Куманово, Струга и Чаир. Секако, дел од овие работилници беа и вработените од Министерството за образование кои се клучни во одржливоста на процесите на подобрување на училишната мрежа и на финансирање на истата
Проектот за подобрување на ефикасноста на трошоците во основното образование, е во тек повеќе од две години. Тој има за цел да ја мапира и увиди реалната состојба во која се наоѓа основното образование во поглед на капацитети и како истите се користат. Во рамки на овој проект покрај подобрувањето на училишната мрежата, која во моментов не одговара на реалните потреби на општините, се работи и на нова подобрена формула за финансирање на образованието. За да се обезбеди ист квалитет на образовните установи за сите деца во државата, со поддршка на експертите од ЗМАИ и УНИЦЕФ, се подготвуваат и нови „Нормативи и стандарди“, кои ќе служат како основа за процесите на оптимизација и подобрување на финансирањето.
Овој проект е од суштинско значење и има за цел да даде реална слика за состојбата во која се наоѓа македонското образование во однос на капацитети и финансии. Здружението за истражувања и анализи ЗМАИ, поддржано од УНИЦЕФ и Светската Банка цели кон давање на поддршка и поттик на институциите за подобрување на состојбите и одговарање на потребите на секое дете.
Скорешни коментари