Здружението за истражувања и анализи ЗМАИ учествуваше на Билатералниот форум на тинк-тенк организации од Шпанија и Северна Македонија, организиран од Prespa Institute. Модератор на дискусијата беше еден од основачите на Здружението, проф. д-р Драган Тевдовски. Говорник на настанот беше Извршниот директор на ЗМАИ, Виктор Митевски. Ваквите настани кои поттикнуваат билатерална соработка и учењето од искуствата на земјите членки се од огромно значење за иднината на земјата во Европската Унија.

Извршниот директор на ЗМАИ, Виктор Митевски ја истакна важноста на подобрувањето на продуктивноста на компаниите и вложувањето во иновации и нивно пласирање на европските пазари. „Ако сакаме да станеме конкурентни во регионот и во Европа, не смееме да се базираме повеќе на концептот на ефтина работна сила. Ние во моментов имаме проблем со недостаток на работна сила. Треба да се трансформираме во економија која ќе биде базирана на креирање на вредност, а не само опслужување. Тоа значи да поддржуваме компании, кои ќе остварат поголема додадена вредност. Со тоа да ги задржиме тука оние работници кои ни преостанаа. Па и да привлечеме нови.“ – истакна Митевски.

Професорот Драган Тевдовски ја модерираше дикусијата давајќи и свои погледи на сосотојбите. Според него, една од целите кои ЕУ ги има за Западен Балкан е приближување на доходот на граѓаните од овие земји кон оној на граѓаните од Европската Унија. Сепак, во однос на поддршката која ЕУ им ја овозможува на земјите од регионот кои се членки како: Хрватска и Бугарија преку Структурните фондови, таа е драстично поголема од поддршката која преку ИПА фондовите можат да ја искористат земјите кои претендираат да влезат во ЕУ. Во услови на забавена интеграција на Западниот Балкан ова може да резултира во економска дивергенција помеѓу Западниот Балкан и земјите членки на ЕУ од регионов. Во еден од поновите трудови на професорот Тевдовски, тој препорачува ЕУ да започне да ги отвора Кохезионите фоднови во интеграцискиот процес на земјите од Западен Балкан.

Здружението за истражувања и анализи ЗМАИ, верува во европската перспектива на земјата. Додека земјата се подготвува за европскиот пат, граѓанската заедница, научната јавност, компаниите и институциите се оние кои мораат да ги движат промените. Секако со поддршка на меѓународните партнери. Средбите за соработка со други држави, членки на ЕУ можат да понудат искуства и препораки за надминување на одредени пречки. Целта е зајакнување на македоснката економија по европски стандарди.