ЗА НАС
ПОВЕЌЕ ЗА ЗМАИ
Здружението за истражување и анализи е основано и функционира од 2014 година. Мисијата на Здружението е да го поттикне истражувачкиот дух кај младите луѓе во Северна Македонија со тоа што ќе се спроведат научни истражувања што ќе бидат разбирливи за пошироката јавност, истовремено обезбедувајќи вредни ресурси во рамки на истражувачката заедница во земјата. Денес, организацијата се состои од 16 висококвалификувани членови, од кои мнозинството се доктори на науки и магистри во областа на финансиите, макроекономијата, сметководството, ревизијата, надворешната трговија и индустрискиот менаџмент.
Генерално, ЗМАИ покрива 5 главни области: добро управување и јавни финансии; финансиска и медиумска писменост; образование; инвестиции и „Старт-ап академија“. Во првата област се фокусиравме на управување со јавни финансии, транспарентност, отчетност и учество на граѓаните; борбата против лажните вести и дезинформациите, обуката за истражување и креирање политики за граѓански организации и квантитативните методи за јавни политики базирани на докази за индивидуални истражувачи, се опфатени преку втората област.
Поддршката на реформите во основното образование беше еден од нашите клучни столбови, затоа се фокусираме на обезбедување алатки и застапување за модернизација и правичен развој на образовните процеси и можности низ целата земја. Претприемништвото е една од нашите основни области коишто ги покриваме од самиот почеток. „Старт-ап академијата“ е основниот проект на ЗМАИ во оваа област. Истовремено, нашето искуство во јавните финансии, развојот на бизнисот и знаењето за истражување отвори релативно нова област на интерес за ЗМАИ, односно студии за инвестиции.
Проекти
Публикации
Истражувачи
Јавни настани
ОРГАНИЗАЦИЈА
ЗМАИ е основано на 20.10.2014 година од страна на 7 (тогаш) магистранти на Департманот „Статистика за бизнис и економија“ на Економскиот факултет – Скопје. Највисокиот орган на ЗМАИ е неговото собрание, кое го сочинуваат сите негови членови и кои имаат еднакво право на глас при носење на одлуките во надлежност на Собранието. ЗМАИ е претставувано од претседател, кој има мандат од 4 години, а управувано е од Извршен одбор, составен од 5 членови. Надзор врз работата на ЗМАИ врши Надзорен одбор, составен од 2 члена.
Собрание
Собранието на ЗМАИ го сочинуваат сите физички и правни лица – членови на Здружението. Собранието се состанува по потреба, а најмалку еднаш годишно. Собранието одлучува полноважно ако се присутни повеќе од една половина од вкупниот број членови, а одлучува со мнозинство гласови од присутните членови. Моментално, Собранието на ЗМАИ го сочинуваат 20 членови.
Претседател
Претседателот на ЗМАИ го застапува и претставува Здружението во јавноста. Претседателот се избира од редот на членовите на ЗМАИ и има 4-годишен мандат, со право на еден реизбор по завршување на првиот мандат. Претседателот се избира и именува од страна на Собранието, со мнозинство гласови од вкупниот број на членови. Во моментот, функцијата на претседател на ЗМАИ ја извршува Виктор Митевски, кој воедно е и еден од основачите на ЗМАИ.
Извршен одбор
Извршниот одбор е управен орган на Собранието и истиот го сочинуваат 5 членови кои доаѓаат од редот на членовите на Задружението. Членовите на Извршниот одбор имаат мандат од 2 години. Извршниот одбор е одговорен пред Собранието и доставува извештај за работата на ЗМАИ барем еднаш годишно. Претседателот на ЗМАИ активно учествува на седниците на Одборот, но нема право на глас. Извршниот одбор одлуките ги носи со апсолутно двотретинско мнозинство. Во моментот, Извршниот одбор е составен од 3 членови: Виктор Стојкоски, Ксенија Поповиќ и Невена Спасовска.
Надзорен одбор
Надзорниот одбор врши контрола над спроведувањето на одредбите на Статутот на ЗМАИ и контрола за наменското располагање со средствата и приходите на Здружението. Надзорниот одбор брои 2 членови, од кои едниот е член на ЗМАИ, а другиот е надворешно лице. Одлуките ги носи со консензус, а се среќава најмалку два пати годишно. Членовите на Надзорниот одбор имаат мандат од 4 години, без право на реизбор. Во моментот, надворешен член на Надзорниот одбор е проф. д-р Цане Мојаноски
НАШИОТ ТИМ

Виктор Митевски
Виктор Митевски е ко-основач на ЗМАИ и во моментов е Претседател на Здружението. Во период од 2015-16 година тој престојува во Texas A&M University каде се стекнува со титулата магистер по економски науки. Од 2017 до 2019 година работи како посебен советник на Министерот за финансии. Виктор е добитник на стипендијата Fulbright во 2015.

Невена Спасовска
Невена Спасовска е еден од основачите и истражувач во Здружението за истражување и анализи ЗМАИ од неговото основање во 2014 година. Работи како Software Support Specialist во компанијата MEDIAGENIX. Нејзиниот афинитет кон истражувачката работа и статистичката обработка на податоци го реализира земајќи активно учество во проектните активности на ЗМАИ.

Горан Мојаноски
Горан Мојаноски е еден од основачите на ЗМАИ Скопје. Најголем дел од неговата истражувачка кариера ја има посветено во областа на основното образование, инвестициите и пазарот на капитал. Негова потесна област на специјализација е пазарот на капитал за која и подготвува докторска дисертација.

Виктор Стојкоски
Виктор Стојкоски е истражувач во ЗМАИ од 2015 година. Покрај ангажманот во ЗМАИ, Виктор е вработен како асистент на Економскиот факултет во Скопје. Автор е на повеќе од 30 научни трудови и има учествувано во повеќе од 10 меѓународни научноистражувачки проекти. Неговиот истражувачки интерес е развивање на методи за анализа на податоци. Во моментов е на пост-докторски студии на Универзитетот во Тулуз.

Ксенија Поповиќ
Ксенија Поповиќ е дипломиран економист при Економски факултет во Скопје и магистер по економија од областа на статистиката. Има шестгодишно искуство во банкарскиот сектор, од кои пет години како раководител на продажба каде што е одговорна за планирање, координирање, надзор и контрола на работата. Таа е еден од основачите и истражувачите на ЗМАИ.

Драган Тевдовски
Драган Тевдовски е редовен професор на Економскиот факултет во Скопје. Добитник е на наградата „Најдобар научник на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во областа на општествените науки во 2015, а избран е и за еден од најинспиративните професори во Македонија. Тој бил Министер за финансии (2017-2019), а во моментов е советник на извршен директор во ММФ.

Нена Манчев
Нена Манчев е надворешен соработник и истражувач во ЗМАИ. Во моментов работи како менаџерка на програмите за лидерски развој во Македонија 2025. Дипломирала на Економскиот факултет при УКИM. Нејзиното претходно искуство е во Одделението за административна поддршка и координација во ФИТР, како и раководителка на Кабинетот на министерот за финансии.

Фатон Сулејмани
Фатон Сулејмани е магистер по економски науки во областа на статистичките методи за бизнис и економија. Во 2020 година тој е добитник на стипендијата Chevening, каде заврши студии на Imperial College London.

Елена Трпковска
Елена Трпковска има повеќе од 20 години професионално искуство во подготовка и мониторинг на општинските буџети и државните годишни буџети стекнати преку позицијата на Државен советник за фискална политика и буџетирање. Вклучена е како Консултант – Економист и координатор во проекти за подобрување на социјалните услуги.

Бранимир Јовановиќ
Бранимир Јовановиќ е економист во WIIW и стручен експерт. Неговите истражувачки интереси тежнеат кон економската нееднаквост, фискалната политика, како и финансиските кризи. Бил советник на министерот за финансии и истражувач на Централната банка на РСМ меѓу 2007 и 2015. На Универзитетот „Tor Vergata“ се има стекнато со титулата Доктор на науки.

МАРИЈА КИТАНСКА ЦВЕТКОВСКА
Марија Китанска Цветковска има 20 годишно искуство во ИТ секторот во Министерството за финансии. Работела на имплементација и одржување на повеќето системи и портали поддржани од Министерството за финансии. Во ЗМАИ работи како истражувач и ИТ експерт.

Маја Аргировска
Маја Аргировска е дипломиран економист со 15 годишно исткутво во управувањето со јавните финансии. Таа има учествувано во клучните реформски процеси во областа на буџетите, социјалните, образовните и здравствените политики.

Јована Аврамовска
Јована Аврамовска има дипломирано на Економски факултет Скопје. Таа има повеќегодишно искуство како новинар, а од 2017 до 2019 година е ПР на Министертсвото за финансии. Во моментот работи во областа на комуникациите и справување со лажни вести и дезинформации.

Елена Зафировска
Елена Зафировска е дипломирана на Филолошкиот факултет во Скопје. Своите магистерски студии ги продолжува на Економскиот факултет, на студиите по менаџмент со човечки ресурси. Работи како административен асистент и службеник за протоколи во Министерството за финансии. Во здружението ЗМАИ е вклучена како истражувач. Co-founder е на првата платформа за fundraising – “Let’s fund it!” и на Старт Ап академијата.

Гого Рафајловски
Гого Рафајловски е оперативен директор на Технолошкиот Парк – SEEUTechPark и консултант за Интелектуална Сопственост. Низ својата 15-годишна кариера во менаџирање на Старт-ап центри, Инкубатори, Акцелератори и Тек-Паркови, има изградено портфолио на искусен стартап консултант. Неговото практично искуство е во оперативен менаџмент, инвестиции во стартапи, интелектуална сопственост и вреднувања.

Марко Георгиевски
Марко Георгиевски е дипломиран економист со 10 годишно искуство во водење бизнис во областа на угостителството, логистиката и консалтинг. Веќе 7 години работи како ментор на старт ап компании, преку СтартАп Академијата на која е ко-основач од 2013 година. Во моментов е сопственик на бизнис во областа на транспортот и логистиката.

Александар Паришев
Александар Паришев е дипломиран економист на отсекот Надворешна трговија. По дипломирањето се вработува во НЛБ Банка, во Сектор за работа со готовина и депо и Сектор за инвестиции, набавки и општи работи. Во 2018 година е ангажиран е како демонстратор на катедра за Надворешна трговија на Економски факултет во Скопје. Од 2020 година е и соработник во ЗМАИ.

Ана Јовановска
Ана Јовановска е аналитичар за истражување на пазарот, претприемач, WEF Global Shaper и економист. Нејзиниот главен фокус е вршење на истражување во областа на пазарот на трудот. Дипломирала и магистрирала на Економскиот факултет во Скопје. Таа има професионална кариера во банкарскиот сектор и во областа на сметководството.

Игор Мојаноски
Игор Мојаноски е истражувач на правни работи. Во својот досегашен ангажман тој работел како адвокат во сопствена адвокатска канцеларија, а има и работно искуство на проектно управување и како приправник. Негова потесна област на специјализација е деловното право, во која се има стекнато со титулата магистер на правни науки.

Петар Јолакоски
Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје во 2019 година. Истата година се запишува на постдипломски студии во областа на Статистиката на Економскиот факултет во Скопје и е избран за демонстратор на катедрата за Математика и статистика. Моментално работи напредна анализа на податоци и на истражувања во областа на теоријата на мрежи.

Цане Мојаноски
Професор д-р. Цане Мојаноски е редовен професор на Факултетот за безбедност – Скопје по предметите Методологија на истражување, Основи на статистика, Социологија и Современи социолошки теории.

БОЈАН КОРДАЛОВ
Бојан Кордалов е виш комуникациски специјалист. Тој е раководител на Програмата за транспарентност, медиуми и дигитализација на ИДУЕП, а е ангажиран и како локален и меѓународен експерт од повеќе интернационални организации. Автор е на повеќе публикации и сертифициран обучувач во различни комуникациски области.

МАРИЈА ПАЦАРОСКА СТОЈКОВИЌ
Марија Пацароска Стојковиќ студирала на Филозофскиот факултет во Скопје, на катедрата по Педагогија. Поседува професионално искуство во областа на маркетинг, истражување и бизнис администрација стекнато во повеќе ИТ компании и истражувачката агенција ИПСОС. Во 2021 се вклучува во ЗМАИ како проект асистент.

ДУШАН БОСИЉАНОВ
.Душан Босиљанов е докторант за деловно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Душан бил ангажиран и како наставно-научен соработник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Правен факултет „Јустинијан Први“ Скопје, отсек Трговско право и трудово право во периодот 2013-2017 година.
Во моментов работи за еден од најдобрите старт-ап компании во Германија во ИТ и угостителската индустрија. главно се занимава со истражување и документирање на законските и даночните барања за различни јурисдикции.

МИТКО АНДОНОВ
Митко Андонов има диплома по финансиски менаџмент на Универзитетот Гоце Делчев, Штип. Искусен претприемач со докажана историја на работа во различни области. Поседува вешти за маркетинг менаџмент, преговарање, бизнис планирање, продажба и малопродажба.

МИЛА ПЕРЧИНКОВА
Мила Перчинкова е индустриска инженерка која со своето искуство придонесува во управување со технички проекти и предлози за подобрување на останатите процеси во компаниите. Мила е поранешна претседателка на Ротракт Клубот. Во ЗМАИ придонесува преку вклучување во активностите и реализацијата на СтартАп академијата.

МАРТА ТРАЈКОВСКА
Марта е дипломиран политиколог кој во 2019тата добива стипендија од Шведскиот Институт и две години подоцна станува магистер по Глобални студии на универзитетот во Гетеборг. Нејзината истражувачка кариера започнува во Валенсија како асистент на професор и проект за родова еднаквост на Политехничкиот универзитет на Валенсија, а подоцна се приклучува во активностите на ЗМАИ.
ПАРТНЕРИ














СТАТУТ
На следната врска можете да го прочитате Статутот на ЗМАИ

СТАТУТ

На следната врска можете да го причитате Стаутот на ЗМАИ
ДОКУМЕНТИ

Правилник за човечки ресурси

Етички кодекс на однесување

Правилник за заштита од сексуална злоупотреба

Правилник за финансиско работење

Годишен извештај за 2021

Годишен извештај за 2020
НОВОСТИ
ЗМАИ и УНИЦЕФ со поддршка од Светската Банка одржаа работилници за подобрување на училишната мрежа со 10 општини
Во рамки на проектот „ Подобрување на ефикасноста на трошоците во основното и средното образование во Северна Македонија финансиран од Светска банка и UNICEF “ експертите од Здружението за истражување и анализи ЗМАИ работеа рамо до рамо со општинските администрации...
Отворен новиот центар за Претприемништво и Креативност во Прилеп финансиран од Европската Унија
Се отвори новиот Центар за Претприемништво и Креативност лоциран на Економскиот факултет во Прилеп. Центарот е формиран во рамки на проектот BeCircular – Подобрување на вработеноста преку претприемништво и циркуларна економија кој е финансиран од програмата за...
Граѓански Буџет: Да го направиме локалниот буџет разбирлив за секој граѓанин
Експертскиот тим на ЗМАИ поддржан од страна на Шведскиот меѓународен центар за локална демократија (ICLD), создаде прирачник за локалните власти во земјите каде е активен ICLD. Автори на овој прирачник се: Драган Тевдовски, Виктор Митевски, Елена Трпковска и Јована А....

КОНТАКТ
АДРЕСА
Ул. Андон Дуков, бр.3/6, 1000 Скопје