ДОБРО УПРАВУВАЊЕ И ЈАВНИ ФИНАНСИИ
ДОБРО УПРАВУВАЊЕ И ЈАВНИ ФИНАНСИИ
Доброто управување, односно одговорното однесување кон јавните добра и управувањето со јавните ресурси е една од 5-те области на дејствување на ЗМАИ. Основата на нашиот ангажман се темели на 12-те принципи на добро управување, кои се дефинирани од страна на Советот на Европа.
Нашиот главен фокус е обезбедување на сеопфатни јавни политики базирани на докази и квантитативни сознанија кои ќе придонесат за подобро управување со јавните добра и ресурси. Областите кои ги покриваме со оваа област се: ефикасност и ефективност; транспарентност; силно финансиско управување и отчетност; етичко однесување; владеење на правото.
Покрај работата со домашни и меѓународни институции во областа на доброто управување, наша заложба е проактивно да работиме на градење на силна истражувачка заедница и граѓански сектор кој ќе има истражувачки капацитети да препознава, анализира и истражува одредени општествени појави и за нив да дава конкретни предлози за јавни политики кои ќе бидат базирани на јасни и објективни квантитативни докази.
ТИМ

Виктор Митевски
Виктор Митевски е ко-основач на ЗМАИ и во моментов е Претседател на Здружението. Во период од 2015-16 година тој престојува во Texas A&M University каде се стекнува со титулата магистер по економски науки. Од 2017 до 2019 година работи како посебен советник на Министерот за финансии. Виктор е добитник на стипендијата Fulbright во 2015.

Виктор Стојкоски
Виктор Стојкоски е истражувач во ЗМАИ од 2015 година. Покрај ангажманот во ЗМАИ, Виктор е вработен како асистент на Економскиот факултет во Скопје. Автор е на повеќе од 30 научни трудови и има учествувано во повеќе од 10 меѓународни научноистражувачки проекти. Неговиот истражувачки интерес е развивање на методи за анализа на податоци.

Драган Тевдовски
Драган Тевдовски е редовен професор на Економскиот факултет во Скопје. Добитник е на наградата „Најдобар научник на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во областа на општествените науки во 2015, а избран е и за еден од најинспиративните професори во Македонија. Тој бил Министер за финансии (2017-2019), а во моментов е советник на извршен директор во ММФ.

Горан Мојаноски
Горан Мојаноски е еден од основачите на ЗМАИ Скопје. Најголем дел од неговата истражувачка кариера ја има посветено во областа на основното образование, инвестициите и пазарот на капитал. Негова потесна област на специјализација е пазарот на капитал за која и подготвува докторска дисертација.

Елена Трпковска
Елена Трпковска има повеќе од 20 години професионално искуство во подготовка и мониторинг на општинските буџети и државните годишни буџети стекнати преку позицијата на Државен советник за фискална политика и буџетирање. Вклучена е како Консултант – Економист и координатор во проекти за подобрување на социјалните услуги

Бранимир Јовановиќ
Бранимир Јовановиќ е економист во WIIW и стручен експерт. Неговите истражувачки интереси тежнеат кон економската нееднаквост, фискалната политика, како и финансиските кризи. Бил советник на министерот за финансии и истражувач на Централната банка на РСМ меѓу 2007 и 2015. На Универзитетот „Tor Vergata“ се има стекнато со титулата Доктор на науки.

Нена Манчев
Нена Манчев е надворешен соработник и истражувач во ЗМАИ. Во моментов работи како менаџерка на програмите за лидерски развој во Македонија 2025. Дипломирала на Економскиот факултет при УКИM. Нејзиното претходно искуство е во Одделението за административна поддршка и координација во ФИТР, како и раководителка на Кабинетот на министерот за финансии.

Невена Спасовска
Невена Спасовска е еден од основачите и истражувач во Здружението за истражување и анализи ЗМАИ од неговото основање во 2014 година. Работи како Software Support Specialist во компанијата MEDIAGENIX. Нејзиниот афинитет кон истражувачката работа и статистичката обработка на податоци го реализира земајќи активно учество во проектните активности на ЗМАИ.

Ксенија Поповиќ
Ксенија Поповиќ е дипломиран економист при Економски факултет во Скопје и магистер по економија од областа на статистиката. Има шестгодишно искуство во банкарскиот сектор, од кои пет години како раководител на продажба каде што е одговорна за планирање, координирање, надзор и контрола на работата. Таа е еден од основачите и истражувачите на ЗМАИ.

Елена Зафировска
Елена Зафировска е дипломирана на Филолошкиот факултет во Скопје. Своите магистерски студии ги продолжува на Економскиот факултет, на студиите по менаџмент со човечки ресурси. Работи како административен асистент и службеник за протоколи во Министерството за финансии. Во здружението ЗМАИ е вклучена како истражувач. Co-founder е на првата платформа за fundraising – “Let’s fund it!” и на Старт Ап академијата.

Маја Аргировска
Маја Аргировска е дипломиран економист со 15 годишно исткутво во управувањето со јавните финансии. Таа има учествувано во клучните реформски процеси во областа на буџетите, социјалните, образовните и здравствените политики.

Фатон Сулејмани
Фатон Сулејмани е магистер по економски науки во областа на статистичките методи за бизнис и економија. Во 2020 година тој е добитник на стипендијата Chevening и во моментов се наоѓа на студиски престој на Imperial College London.
ПРОЕКТИ
ICDL – Преку инклузија и транспарентност до еднаквост и квалитет: Подобрување на процесите на локално буџетирање во Северна Македонија
ВРЕМЕТРАЕЊЕ: Јануари 2020 – Јуни 2021
ДОНАТОР: Шведскиот Меѓународен Институт за Локална Демократија (ICLD)
ПУБЛИКАЦИИ
Дознајте повеќе и прочитајте повеќе…

Ефектите од КОВИД врз Македонската економија

Методологија за распределба на општинските буџети за основните училишта

Колку и на што троши еден македонски студент?

Unlocking economic potential between Greece and North Macedonia

Pabarazia Gjatë kohës së Koronës

The interdependent relationship between the types of investments and income in Republic of Macedonia
ИНФОГРАФИЦИ

КОНТАКТ
АДРЕСА
Ул. Андон Дуков, бр.3/6, 1000 Скопје