Влијанието на владините субвенции за СДИ, наспроти нивниот ефект врз економскиот раст
ВРЕМЕТРАЕЊЕ: Mарт 2015 година – Jули 2016 година
ДОНАТОР: USAID
Анализата која се спроведе како дел од овој проект ги опфаќа странските директни инвестиции во Македонија кои работат или се во изградба, а имаат добиено поволности од државата почнувајќи од декември 2007 во технолошко индустриските развојни зони и индустриските зони. Во периодот на истражувањето и пишување на публикацијата идентификувани беа 4 странски инвестиции за кои е одобрена државна помош во текот на 2014 година, но одлуките за државна помош не се посебно објавени, туку се приложени во делот доделена државна помош од годишниот извештај за 2014 година на Комисијата за заштита од конкуренција.
За постигнување на целите, во период од 15 месеци во рамките на проектот, ЗМАИ спроведе низа на активности:
- направи анкета на ниво на цела Македонија, на репрезентативен примерок од 1.118 испитаници за испитување на јавното мислење за субвенционираните СДИ;
- организираше три јавни трибини во регионите каде функционираат СДИ – Охрид, Битола и Штип и две конференции во Скопје, со цел изнесување јавни размислувања и заклучоци од релевантни говорници, но и со цел поттикнување на јавна дебата со активно вклучување на публиката во дискусиите на оваа тема, со што би се креирале подобри јавни политики во иднина;
- оствари посети и разговори со менаџментот на 4 СДИ во Р. Македонија – корисници на субвенции од државата. Дополнително, остварена е една посета на домашна компанија која има остварено соработка со субвенционирана СДИ;
- направи квантитативни анализи за ефектот на СДИ врз македонската економија врз основа на економетриските модели;
- оствари разговор со официјални институции кои се засегнати во процесот на привлекувањето на СДИ.
Истражувањето за влијанието на субвенционираните странски директни инвестиции врз македонската економија е од исклучително значење бидејќи добиените сознанија се солидна основа за понатамошни истражувања во оваа област, но и за изработка на конкретни предлози во форма на јавни политики кои би требало во иднина да послужат како водилка за активностите во оваа сфера за сегашната и идните влади.

КОНТАКТ
АДРЕСА
Ул. Андон Дуков, бр.3/6, 1000 Скопје