ВРЕМЕТРАЕЊЕ: Ноември 2023 – Април 2024
КЛИЕНТ: Regional Centre for Forestry and Rural Development (REFORD)
Главната цел на анализата на јавното мислење на национално ниво за нелегалните шумски активности е да се испита мислењето на јавноста за девијантните појави во шумарскиот сектор. Овие појави во шумарскиот сектор во најголем дел се однесуваат на нелегалната сеча како појава со најголемо негативно влијание по шумите како природен ресурс од посебен интерес за целото општество како и низа на други појави: непочитување на законските одредби, корупција, злоупотреба на службена положба, несовесно вршење на службата итн.
За да се оствари главната цел во анализата се сумирани неколку активности во спроведување анализата и очекувани резултати од спроведување на овие активности. Се разликуваат теренски и вон теренски активности при спроведување на анализата:
1. Спроведување на анкетен прашалник во форма на структурирано интервју со сопственици на приватни шуми и корисници на огревно дрво на ниво на Република Северна Македонија
2. Организирање на фокус групи и пишување на извештај од наодите во фокус групите
3. Пополнување на онлајн прашалник од страна вработени во општинска администрација кои ја покриваат областа на локален економски развој и пишување на извештај од одговорите на прашалникот
4. Барање на пристап до информации од јавен карактер до засегнатите институции за нелегалните шумски активности
5. Финален извештај со главните наоди од анализата и презентирање на извештајот