За нас

Мисијата на ЗМАИ е да го поттикне истражувачкиот дух кај младите преку изработка на научни и истражувачки трудови кои ќе бидат лесно достапни до секој граѓанин, а истовремено ќе имаат аналитичка и  истражувачка вредност за понатамошни анализи.

• Стимулирање, поддршка, менаџирање, лoбирање, имплементација и развој на слободните иницијативи на младите истражувачи и аналитичари;
• Стимулирање и поддршка на отворена критика и критичко размислување
• Стимулирање, креирање, менаџирање, имплементација и развој на современи истражувачки и аналитички механизми, активности, манифестации, проекти, програми и иницијативи во областа на статистиката и економетријата
• Стимулирање, лобирање, менаџирање, креирање и развој на соработка со медииумите и бизнис секторот, други невладини организации, фондации, асоцијации и остварување на меѓународна соработка
• Поддршка, создавање и развој на соработка со органите на централната и локалната власт, меќународни институции и организации, страснки амбасади и влади
• Стимулирање, поддршка, имплементација и застапување на младинскиот позитивен имиџ, преку позитивните примери на младите истражувачи и аналитичари. Учество во решавање, надминување и задоволување на проблемите и потребите на новите потенцијални истражувачи
• Развој на мрежа на регионални ограноци, низ целата територија на Република Македонија, како самостојни организации во склоп на ЗМАИ

Визијата на ЗМАИ е изработка и спроведување на статистички и економетриски истражувања кои ќе служат за информирање на истражувачката и пошироката јавност, но и ќе бидат база за градење на понатамошни јавни политики.