Проект на УСАИД за грaѓанско општество

USAID

   FOOM

„Влијанието на владините субвенции за странските директни инвестиции, наспроти нивниот ефект врз економскиот раст’’

Времетраење на проектот: Јануари 2015 – Април 2016

Општата цел на овој проект е зголемување на транспарентноста на владиното трошење во форма на субвенции за странските директни инвестиции. Со реализација на активностите предвидени се следниве краткорочни цели: Обезбедување на точна и прецизна информација за висината и ефектот на владините субвенции за СДИ; Идентификување на мислењето на јавноста за политиките на Владата за поддршка на СДИ наспроти поддршката за локалните бизниси; Креирање на одржливи и ефективни јавни политики за изедначување на финансиската поддршка од страна на Владата за инвестициите независно од нивното географско потекло; Обезбедување на релевантни податоци за работата на Агенцијата за привлекување на странски директни инвестиции преку постојан мониторинг на нејзините активности; Зголемена информираност на пошироката јавност и бизнис заедницата за владината поддршка за СДИ.