Конференција на тема „Ефектот на странските директни инвестиции во технолошко-индустриските развојни зони врз македонската економија”

Здружението на млади аналитичари и истражувачи (ЗМАИ) организираше конференција на тема „Ефектот на странските директни инвестиции во технолошко – индустриските развојни зони врз македонската економија“, во рамки на проектот „Влијанието на владините субвенции за странските директни инвестиции, наспроти нивниот ефект врз економскиот раст’’. Целта на конференцијата беше да се изнесат јавни размислувања и заклучоци на релевантни говорници за странските директни инвестиции, со што би се помогнало во креирање на подобри јавни политики во државата. Проектот е поддржан од проектот на УСАИД за граѓанско општество, спроведуван од Фондација Отворено општество – Македонија. Конференцијата се одржа на 13ти октомври, во Дипломатик салата на Скопски саем со почеток од 11:00 часот.

Говорници на конференцијата беа Горан Мојаноски, претставник од ЗМАИ, кој што ги презентираше досегашните истражувања на организацијата; Арбен Халили, генерален директор на Normak Investment Group – технолошко – индустриска развојна зона во Тетово, која е јавно приватно партнерство и е прва зона во Македонија од ваков тип; Митко Алексов, извршен директор во Сојуз на стопански комори на Македонија; Александар Колекески постар истражувач/аналитичар во Македонски центар за европско образование, кој што ги презентираше истражувањата направени за странските директни инвестиции; Билјана Пеева Ѓуриќ, Директор на Дирекција на здруженија според дејности во Стопанска комора на Македонија и проф. д-р Владимир Филиповски, универзитетски професор на Економски факултет – Скопје (УКИМ). Модератор на конференцијата беше Васко Попетревски, новинар и ТВ – водител во Алсат – М телевизија.

Видеото од конференцијата можете да го погледнете подолу.